12.05.2023 Скопје
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во официјална посета на Косово, каде што во Приштина ќе има средба со неговиот колега, првиот вицепремиер за европска интеграција, развој и дијалог, Бесник Беслими.
Главни теми за разговор на средбата меѓу Маричиќ и Беслими ќе бидат евроинтегративниот процес на земјите од регионот, во пресрет на 20 годишнината од Самитот во Солун, билатералните односи на двете земји и регионалната соработка.
Од Секретаријатот за европски прашања соопштија дека Маричиќ во Приштина ќе учествува и на конференција во рамки Иницијативата Балкански дијалози, на тема: „ЕУ и Западен Балкан, безбедност, регионална соработка и интеграција“, на покана на Групата за истражување на политиката на Балканот, Фондацијата БФПЕ за одговорно општество и Атлантскиот совет.
Подготвено од М.Н.