29.05.2023 Скопје
Белорускиот државен секретар на Советот за безбедност, генерал-полковник Александар Волфович, изјави дека Белорусија ќе затвори дел од патиштата кон Русија и контролата над државните граници ќе биде зајакната со блиската соработка меѓу ФСБ, граничните служби и Министерството за внатрешни работи, а ќе имаат помош и од единиците на белоруските сили за специјални операции.
Волфовиќ истакна дека целта на овие акции е да се обезбеди безбедност на луѓето и во Белорусија и во Русија, и додаде дека во блиска иднина белоруската влада планира да го потпише претседателскиот декрет за народната милиција.
Во согласност со претседателскиот декрет, машката популација, без да се одземе од главните должности, по потреба ќе патролира низ населените места, ќе им помага на единиците за територијална одбрана и ќе обезбедува ред.
Пред десет дена Белорусија делумно ја врати контролата на границата со Русија. Тоа е првпат во последните 28 години да се воведат контроли на границата која е долга 1.239 километри.
Белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Алеиник изјави дека воведувањето гранични контроли има за цел да го спречи влезот на државјани на трети земји во Белорусија пред спроведувањето на меѓувладиниот договор за взаемно признавање на визите.
Активистите за човекови права пак веруваат дека граничните проверки се насочени кон руските граѓани кои се обидуваат да избегнат да бидат регрутирани во руската армија, бидејќи илјадници Руси пребегаа во Белорусија за да избегнат мобилизација и прогон по почетокот на војната во Украина во февруари минатата година.
Подготвено од М.Н.