bajden sredba zelenski japonija

22.05.2023 Скопје

Претседателот на САД, Џо Бајден, најави нов пакет воена помош за Украина на крајот на средбата со неговиот колега Володимир Зеленски на Г7 во Хирошима, Јапонија.

Во соопштението објавено од Министерството за одбрана на САД се прецизира дека пакетот помош ќе изнесува 375 милиони долари, а ќе вклучува дополнителна муниција за хаубици од 155 милиметри и повеќекратни системи за лансирање ракети Химарс.

Соединетите Американски Држави, исто така, ќе доставуваат противтенковски системи Tow и Javelin, ласерски водени и гранати за уривање, медицински возила за прва помош, системи за логистичка поддршка и резервни делови.

Во соопштението од Министерството за одбрана стои дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да работат со своите сојузници и партнери за да и обезбедат на Украина потребните капацитети за исполнување на непосредните потреби на бојното поле и барањата за долгорочна безбедносна помош.

„САД ќе преземат заеднички напори со своите партнери да ги обучат украинските пилоти за употреба на борбени авиони Ф-16 од четвртата генерација“, стои во соопштението.

Подготвено од М.Н.

About Author