10.05.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден не ја отфрли можноста да го пропушти состанокот на шефовите на држави и влади на Г7, закажан за 19-21 мај во Хирошима, Јапонија, поради политичкиот ќорсокак во Вашингтон околу зголемувањето на максималната граница на долгот на сојузната држава.
Бајден по вчерашната средба со лидерите на Конгресот истакна дека очигледно ова е најважното прашање во неговата агенда.
Претседателот Бајден прецизираше дека во моментов откажувањето на неговото патување во Јапонија за самитот на Г7 е „можно, но не и веројатно“.
Портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно денеска изјави дека Токио „не добил никакво известување од американската влада“ во врска со можното отсуство на Бајден.
Подготвено од М.Н.