https://www.facebook.com/photo.php?fbid=624952462965054&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

17.05.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден ги откажa најавените посети на Австралија и на Папуа Нова Гвинеја поради ситуацијата со американскиот државен долг, односно тековните преговори за долгот на федералните власти во САД, соопшти Белата куќа.

Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, во соопштението наведе дека Бајден претходно разговарал со австралискиот премиер Ентони Албаниз за да го информира дека ќе го „одложи“ патувањето и го покани премиерот на официјална државна посета.

Бајден сепак денес ќе патува во Јапонија, на состанокот на Г7 кој како дел од она што требаше да биде еднонеделно патување низ регионот на Пацификот.

Подготвено од М.Н.

About Author