https://www.facebook.com/photo.php?fbid=690581326402167&set=pb.100063509179160.-2207520000.&type=3

17.05.2023 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден е оптимист за изгледите за решавање на проблемот со јавниот долг на земјата, но верува дека има „многу работа“ во оваа област за голем број сложени прашања, соопшти Белата куќа по новата рунда разговори меѓу шефот на државата и лидерите на Конгресот.

„Претседателот истакна дека иако има уште многу работа да се направи за голем број сложени прашања, тој е оптимист за изгледите за постигнување одговорен двопартиски договор за буџетот доколку двете страни преговараат со добра волја и признаат дека ниту една од нив нема да постигне целосна имплементација на нивните барања“, се вели во соопштението од Белата куќа.

Според американската администрација, Бајден им наложил на партиските претставници да продолжат со секојдневните состаноци за нерешените аспекти на проблемот со јавниот долг.

„Претседателот рече дека би сакал повторно да контактира со конгресните лидери по телефон подоцна оваа недела, како и да се сретне со нив по неговото враќање од странство“, соопшти Белата куќа.

Оваа недела Бајден е во посета на Јапонија каде ќе се одржи самитот на лидерите на земјите од Г7.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author