19.05.2023 Скопје
По повеќе од десет години изолација, сирискиот претседател Башар ал Асад повторно се појавува на меѓународната сцена, учествувајќи на самитот на Арапската лига во Саудиска Арабија.
Сирискиот лидер ќе биде во центарот на вниманието на регионалните сили од регионот на Персискиот залив, кои неодамна одлучија да го пречекаат Асад назад во арапското јато.
Средбата се одржува во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море.
Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз го покани Асад на самит минатата недела по одлуката за повторно прием на Сирија во Арапската лига, повеќе од една деценија откако таа беше суспендирана поради граѓанска војна.
Подготвено од А.Ѓ.