19.05.2023 Скопје
Голманот на Арсенал, Арон Рамсдајл го продолжи договорот со клубот од „Емирати“ дури до 2028 година.
Рамсдајл зад себе има одлична сезона и е еден од најзаслужните што Арсенал сезонава е главен конкурент на Манчестер Сити за титулата, која сепак на крајот како што стојат работите ќе заврши на „Итихад“.
„Не е важно дали сте биле во клубот еден месец или четири години, секогаш сакате да победувате и да одите напред“, изјави Рамсдајл на прес-конференцијата при потписот на новиот договорот.
Рамсдајл во Арсенал стигна од Шефилд пред две сезони, а претходно играше за Бормут, Вимблдон и Честерфилд.
Подготвено од М.Н.