https://pretsedatel.mk/usambassadors_12052023/

12.05.2023 Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари средба со претставиниците на Советот на Американски амбасадори, кои престојуваат во работна посета на државата.

Советот на Американски амбасадори е непрофитна организација во која членуваат над 200 амбасадори на САД, која работи во поддршка на Стејт департментот и шефовите на мисии, спонзорира стипендии за развој на млади лидери за кариера во јавната дипломатија и меѓународните прашања, организира мисии за утврдување на факти во странство и ја едуцира јавноста за надворешно-политичките прашања кои влијаат на националниот интерес.

Македонско-американското партнерство и пријателство и регионалните прашања од интерес за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан беа тема на разговорите на претседателот Пендаровски со претставници на Советот на Американски амбасадори. Во делегацијата на Советот се поранешни амбасадори на САД.

Од кабинетот на претседателот соопштија дека Пендаровски ги информирал соговорниците за актуелните прашања од европските интеграции на земјата, како и реформските процеси кои треба да се спроведат во поглед на владеење на правото и борбата против корупцијата, а на средбата исто така се разговарало и за состојбите во регионот, како и безбедносните предизвици во Европа, како последица на руската воена агресија во Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author