https://www.facebook.com/photo/?fbid=5145622852187567&set=bc.AbrvloKNf-5Fw2bJWOhCeyBqc4w5sQBJxL5gVDWhmXH1TWZy0bzO0oqVWw-r-2QNha1hQ6dg44ccObhkuLsCsyhQXpRdNR1icLG1bCeErST1B6NxUzoFxX95Ab7nXy_BwM8oSLayfYr9y7eAG2UCE74lau6OXJjmSn77H2cKh1nzug&opaqueCursor=AbpIHorq9G9e8Q3Ov8RJUHyH0Tu7r4YmCJBcj4yYlKGGzTWDmO9AxT7VfAadvbhK2sTtCC_6Y3n_LIno3SfLU2Br9UgFTtQrHY92kQTncIqCgSnVGev_b6EyTiHUE9JOAtxkEA2mqzgAuwMZCfP4L2CRfCTCnNWTf4oR880LNjTpPFg9Q-iKy6-X9WXakBOxVUq8nx7tJR48dlVetBRl0AuVIdsS7kVbcd3fpvl2FRNlzImecjKZ-5w6zdIkKHVWVgw4ST4Xt_-7pxncTG_-lPr06jWxMtBpR6_USPewS5PbDnEbXpofBvs1hAVKyhkDVn9QmOD91iY4kdovEwc8wGNlcsug-bjLOPakAN0vQxBhdvJfOHehr6NhbVi6Qq5RphZZDOBwejYdseF6oXrbkcKj7eOq7cuWDckrIkD9etXPC7F9lhDs0SfbW9IfcrzLIoghT1urddzj5lH80IEkJF4L9fD7I4f9IrjHAQio9sTPOynv7RWbuIoT0OkkDN-K33J-NzjDMMUw0ELlJxOrXjgR8aeTEfBCF7q1xAhtELGLLKvfULZDTmTcHYUAIGfYhfIwPvO-wRMNbVV5LDhUmt0w2yojHg2MZ9Sll4o1IbBhI_ro-weMZhF4ynerhy3Br0lE3wXxZ5l57Kg097djTqOh

17.05.2023 Скопје

Ракетниот одбранбен систем „Патриот“ од САД, кој го користи Украина, најверојатно претрпел одредена штета како резултат на рускиот напад, но се чини дека не е уништен, изјавија двајца неименувани американски официјални лица.

Еден од нив изјавил дека Вашингтон и Киев веќе разговараат за најдобриот начин за поправка на тој систем и дека во овој момент не изгледа дека системот ќе мора да биде отстранет од Украина.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили го уништиле американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ користејќи ја ракетата „Кинжал“, за време на ноќниот напад на Украина.

Украинските власти соопштија дека Украина соборила 18 руски проектили во текот на ноќта, вклучително и шест ракети Кинжал, што рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го негираше.

Системот „Патриот“ е еден од низата софистицирани системи за противвоздушна одбрана што Западот и ги достави на Украина, со цел да ја заштити нејзината инфраструктура и енергетските капацитети од руските напади.

Се додава дека „Патриот“ се смета за еден од најнапредните системи за противвоздушна одбрана произведени од САД, кој е подеднакво ефикасен против авиони, крстаречки и балистички ракети, како и вклучува фрлачи, радари и други возила за поддршка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author