20.05.2023 Скопје
Американскиот суд утврди дека ФБИ неправилно барал информации од националната база на податоци на странски разузнавачи 278.000 пати во текот на неколку години, вклучително и информации за Американци осомничени за злосторства, се вели во судската одлука.
Пресудата ја донесе Судот за надзор на странското разузнавање, а ја објави Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ОДНИ).
„ФБИ беше заинтересиран за потенцијално странско влијание врз одредени настани, како што се немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година и по протестите во 2020 година поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд“, соопшти судот.
Разузнавачката база на податоци собира дигитални и други информации за поединци.
Делот 702 од амандманот од 2008 година на Законот за надзор на странското разузнавање (FISA) од 1978 година легализираше тајна програма за прислушување, овластена од администрацијата на Буш, дозволувајќи им на американските разузнавачки агенции да ги следат странските пораки испратени преку американските мрежи, како што е Google.
Сепак, судот утврди дека ФБИ ги прекршил правилата на ФИСА, конкретно за време на кривичните истраги меѓу 2016 и 2020 година, бидејќи, како што е наведено, „немало рационална причина да очекуваат да најдат докази за злосторства или работа на странска разузнавачка служба“.
Подготвено од А.Ѓ.