alijansa na makedonskite bugari grafichki podatoci

09.05.2023 Скопје

По пресметките на Алијансата на македонските Бугари – движење за национално единство и спас, АМБ-ДНЕС, се очекува дека до 2025 година ќе се вработат 30.000 македонски Бугари во институциите на Република Северна Македонија.

Според статистичките податоци кои ги објавија на последното интервју, во Република Северна Македонија вкупниот број на граѓани кои припаѓаат на бугарската заедница изнесува 160.000, од кои 120.000 имаат двојни државјанства, а 19.645 се веќе попишани граѓани со бугарско државјанство. Додека пак, околу 35.000 граѓани се во процедура за добивање на двојно државјанство.

Според АМБ-ДНЕС, евидентно е дека бугарската заедница во Република Северна Македонија е околу 160 000, бројка која не е конечна, затоа што во неа ги нема впишано малолетните деца на самите иматели на двојни државјанства.

Од АМБ-ДНЕС потсетуваат дека поголемиот дел на политичките партии во Република Северна Македонија, не го признаваа пописот, бидејќи беше спроведен во две етапи или половично, во Септември 2021 и Март 2022, при што и графата за етничка припадност остана непотполнета од 280.000 лица, „на што претседателот на МАНУ во Август 2022 предложи графата да биде избришана од пописните резултати и ова само по себе предизвикува сомнеж и алудира на тоа дека овие 280.000 лица се припадници на бугарската заедница во Република Северна Македонија“. Воедно, додадоа дека доколку на тоа се додадат веќе евидентираните 19.645 иматели на бугарско државјанство, излегува бројка од 300.000 македонски Бугари.

„Би сакал да појаснам дека луѓето од бугарската заедница, односно македонски Бугари, се родени во Република Северна Македонија од семејства кои во минатото билe бугарски семејства и сите имаат биолошка врска преку своите родители кои и ден денес поседуваат лични документи за бугарска припадност. Поголемиот дел од македонските Бугари привремено се раселени во потрага по работни места и обезбедување на егзистенција за своето семејство, а голем дел од нив размислуваат и за трајно иселување од Република Северна Македонија, затоа Алијансата планира да го спречи тоа со имплементација на Агенција за вработување во јавна администрација од редот на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Преку Агенцијата до 2025 година треба да се вработат околу 30.000 македонски Бугари во институциите во Република Северна Македонија“, истакна Цветковски.

Претседателот на АМБ-ДНЕС објасни дека во моментов во Република Северна Македонија има 1.354 институции, со што на членовите на АМБ-ДНЕС им следуваат 2 работни места, во оваа прва фаза профилот на работните места подразбира помошник министер, помошник директор, помошник началник.

МАКЕДОНСКИТЕ БУГАРИ ФОРМИРААТ ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА „ЕВРОПСКИ ПАТ“

Подготвено од А.Ѓ.

About Author