Image by Freepik

22.05.2023 Скопје

Доколку случајно во последен момент сфатите дека ви снемало детергент за перење, не паничете. Решението е точно пред вашиот нос.

– Мешавина од сода бикарбона и оцет

Ова соединение често се препорачува за чистење и миење на многу површини во домаќинството, и тоа не без причина.

Мешавина од сода бикарбона и алкохолен оцет е многу ефикасна и значително побезбедна алтернатива на тешките хемикалии за одржување на хигиената.

Потребно е само да налеете половина шолја сода бикарбона пред миење, а потоа кога ќе го започнете циклусот на плакнење, истурете половина шолја оцет, кој исто така ви дава природен омекнувач.

– Мешавина од сода бикарбона и сок од лимон

Ако немате алкохолен оцет, но имате лимон во куќата – нема проблем.

Направете го истото со сок од лимон како и во претходниот случај, со тоа што прво можете да намачкате малку лимон на тврдоглави дамки за уште подобар резултат и потемелно миење.

– Течност за миење садови

Детергентите за садови може да се користат за перење алишта за кои не е потребна посебна грижа, како обоена облека.

За да избегнете премногу пена и меурчиња во машината, истурете детергент измешан со малку вода во шише со распрскувач и испрскајте ги алиштата во барабанот. Не ви треба ниту голема количина – доволно е помалку од капаче.

За да бидете сигурни дека добро ќе се исплакне, истурете оцет пред циклусот на плакнење.

– Шампон

Исто како и течностите за миење садови, шампонот е ефикасен при миење шарени алишта, но исто така важно е да се внимава на фактот дека премногу се пени.

Затоа, истурете многу мала количина и задолжително додадете алкохолен оцет како природен омекнувач и дополнителна помош при плакнење.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author