airbnb

05.05.2023 Скопје

Airbnb одлучи да се врати на своите почетоци и да им понуди на клиентите поевтини опции за сместување. Тие решиле да почнат да изнајмуваат еднокреветни соби, бидејќи сфатиле дека изнајмувањето на цела куќа е прескапо за многу патници, особено за помладите.

Компанијата воведе нова понуда која ја нарекува Airbnb Rooms. Гостите можат да изнајмат соба во истата куќа или стан како нивниот домаќин, по цени за кои Airbnb вели дека во просек ќе изнесуваат 67 долари за ноќ.

„Факт е дека патниците денес се посвесни за цените отколку пред една година“, рече извршниот директор Брајан Чески.

Иако Airbnb отсекогаш нуди еднокреветни соби во куќи и апартмани, новата понуда ќе се разликува по тоа што ќе дава повеќе биографски информации за домаќините, а потрошувачите ќе можат да откријат дали нивните спални соби имаат приватни или заеднички бањи.

Тоа е враќање на првобитниот концепт што го имаа Чески и Џо Гебија, сега претседател на Airbnb, во 2007 година, кога донесоа гости во нивниот стан во Сан Франциско за да помогнат во плаќањето на киријата.

Иницијативата Airbnb Rooms опфаќа повеќе од еден милион приватни спални соби со огласи кои вклучуваат пристап до заеднички простор како кујна, дневна соба или градина.

Исто така, престојот со домаќин „е одличен начин да запознаете некој нов и да го доживеете градот како локален жител“.

„Сметаме дека оваа идеја е поважна од кога било. Во сегашното економско опкружување, луѓето сакаат да патуваат по прифатлива цена. По години изолација за време на пандемијата, тие бараат начини да се поврзат со луѓето и да имаат автентични искуства“, велат од компанијата.

Ова ќе биде особено популарно кај новата генерација на патници.

„Просечниот патник на генерацијата Z сака да плати помалку од 100 долари за ноќ“, рече Чески.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author