06.05.2023 Скопје
Германската компанија Адидас денеска објави дека нејзината оперативна добивка за првиот квартал изнесува 60 милиони евра, што е повеќе од очекуваното.
Вкупната продажба падна за еден отсто, но ова е подобро од очекуваниот пад од четири отсто, се вели во извештајот на компанијата.
Растот на продажбата беше двоцифрен во Латинска Америка и азиско-пацифичкиот регион, додека продажбата во САД падна за 20 отсто, објави шефот на Адидас, Бјорн Гулден.
Посебно светла точка во овој квартал беше Латинска Америка, каде што продажбата скокна за 49 отсто, а најпопуларни патики беа моделите Samba, Gazela и Kampus.
Во областа на т.н Голема Кина, која ги вклучува Кина, Хонгконг, Макао и Тајван. продажбата паднала за девет отсто, но шефот на Адидас изјавил дека има знаци на закрепнување.
Подготвено од А.Ѓ.