03.05.2023 Скопје
Претседателот на црногорската влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ, истакна дека оние кои се за статус кво во Црна Гора генерираат исти теми поврзани со црквата, знамето, национализмот.
Абазовиќ прашува кому му пречат Србите во Црна Гора, дали на оние кои сакаат да продолжат да крадат.
„Оние кои се за статус кво, генерираат исти теми – црква, знаме, национализми, поделби, ние сме поделено општество. Зошто сме поделено општество? Да се шверцува кокаин и пури, дали е тоа зошто сме поделено општество? Што ви пречат? Срби?За да крадете пари од граѓаните на Црна Гора, за да киднапирате реки и да им правите мини хидроцентрали на вашите деца. Затоа ви пречат Црногорците, Албанците, Бошњаците?“, праша Дритан Абазовиќ во интервју за локален медиум.
Абазовиќ посочува дека размислува поинаку и би сакал оваа порака да се пренесе во регионот.
„Јас тврдам – борба против корупцијата, против луѓето кои проневеруваат од државата и ќе видите како се повеќе ќе се собираат народи меѓу себе, или религиозни групи или луѓе кои имаат индивидуално различни идентитети. Но без правда тоа е невозможно“, заклучи тој.
Подготвено од А.Ѓ.