https://www.facebook.com/photo?fbid=788000349362002&set=pcb.788000432695327

18.05.2023 Скопје

Најмалку девет лица загинаа поради поплавите во италијанската област Емилија-Ромања, а останатите останаа заробени во долните катови на куќите или во автомобилите.

„Девет тела беа извлечени од различни локации“, изјави за италијанските медиуми Стефано Боначини, претседател на регионот Емилија-Ромања.

Властите соопштија дека поради поплавите илјадници луѓе се евакуирани од своите домови.

Практично сите водотеци меѓу Римини и Болоња се излеаја од своите корита, поплавувајќи огромни области на Ромања.

Локалните власти соопштија дека поплавите зафатија 37 градови и населени места, а регистрирани се и околу 120 одрони. Училиштата се затворени во повеќето од погодените општини, особено во регионот на Болоња и Ромања.

Сообраќајот на мостот е забранет во Модена, а мост се урна во близина на Болоња, додека многу железнички линии беа прекинати.

Агенцијата за цивилна заштита претходно предупреди дека врнежите не се завршени, и дека се работи за многу комплицирана ситуација.

Поради големи катастрофи 50.000 луѓе останаа без струја.

Поради екстремни временски услови, Формула 1 објави дека трката што требаше да се одржи викендов во Имола е одложена.

Невидено количество дожд за неколку часа го подигна нивото на реките и предизвика нивно излевање.

Властите соопштија дека во некои области имало половина од просечните годишни врнежи за само 36 часа, што предизвикало излевање на реките, поплавување градови и потопување на илјадници хектари обработливо земјиште.

Нело Месумечи, италијанскиот министер за цивилна заштита, рече дека ќе побара од владата да одвои 20 милиони евра за погодената област на состанокот на 23 мај кога ќе ги разгледаат мерките за помош.

Фаенца, дел од Чезена и Форли и многу други големи населени центри завршија под вода.

Во некои области водата се зголеми за неколку минути и стигна до првите катови од куќите.

Џорџија Мелони, италијанската премиерка, во објава на Твитер изрази „целосна солидарност со настраданото население“ и рече дека Владата внимателно ги следи настаните и е подготвена да пружи помош.

Обилните врнежи во Емилија-Ромања следеа по неколкунеделна суша што го намали капацитетот на почвата да апсорбира вода, што ги влоши ефектите од поплавите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author