26.04.2023 Скопје
Управата за одговор при катастрофи соопшти дека земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди турската провинција Адана.
Во соопштението се наведува дека земјотресот бил на длабочина од седум километри.
Земјотреси со јачина од 7,7 степени и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погодија провинцијата Кахраманмарас во југоисточна Турција на 6 февруари, со разлика од девет часа.
Потресите се почувствувани и во соседните земји, вклучително и во Сирија.
Според последните податоци, повеќе од 50.000 луѓе загинале во земјотресите на југоистокот на Турција.
Подготвено од А.Ѓ.