March 14, 2022, Kyiv, Ukraine: Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy delivers an address marking the 19th day of the Russian invasion, March 15, 2022 in Kyiv, Ukraine. (Credit Image: Global Look Press/Keystone Press Agency)

03.04.2023 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во среда, на 5 април, треба да ја посети Полска, соопшти денеска Марчин Пржидач, советник на полскиот претседател за надворешни работи.

Пржидач изјави дека Зеленски ќе ја посети Полска на покана на претседателот Анджеј Дуда и дека двајцата официјални лица ќе разговараат не само за безбедносната ситуација, туку и за економската и политичката поддршка.

Зеленски последен пат се сретна со својот полски колега во декември 2022 година на враќање од посетата на САД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author