https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3108994326017589&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

28.04.2023 Скопје

Кабинетот на Зеленски соопшти дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на средба во Киев со советникот за национална безбедност на премиерот на Велика Британија, Тим Бароу, укажал на важноста од предавање на авиони и оружје од западен тип на Украина.

„Нашата земја ја цени лидерската позиција на Велика Британија во одбранбената поддршка. Важно е Украина да добие воени авиони од западен тип, како и разни оружја неопходни за да се спротивстави на рускиот агресор. Ја повикувам Велика Британија да преземе водство во формирањето воздушна коалиција за Украина“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Киев се приближува кон крајот на залихите на ракети за советските системи за воздушна одбрана.

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека на Киев му снемува ракетни резерви за советските системи за воздушна одбрана и дека им се потребни западни системи.

„Имаме советски систем за противвоздушна одбрана за кој полека ги исцрпуваме залихите. Во суштина, веќе е одлучено кои се тоа системи, сега треба само да го зголемиме нивното количество и бројот на ракети“, изјави Резников.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *