https://www.facebook.com/photo.php?fbid=729981135162183&set=pb.100044509086420.-2207520000.&type=3

05.04.2023 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во посета на Полска. Оваа информација ја потврди советникот на полскиот претседател Анджеј Дуда.

„Посетата се одржува на покана на претседателот Анджеј Дуда. Ќе има долга и широка дискусија, не само за безбедносните прашања, туку и за економската и политичката поддршка. Тоа е официјална посета“, изјави претходно советникот на полскиот претседател Марчин Пжидач.

Пжидач додаде дека Зеленски на главниот плоштад во Варшава ќе се сретне со Украинците кои побегнаа во Полска од војната.

Полска е соседна земја со Украина, а двете земји имаат длабоки историски врски. Многу Украинци побегнаа од руската инвазија минатата година, а голем дел безбедноста ја најдоа токму во Полска.

Подготвено од М.Н.

About Author