https://www.facebook.com/photo?fbid=541672831476582&set=a.231255619184973

24.04.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи, соопштија од МВР.

Како што се наведува во соопштението од нив 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 476 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 344 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на официјалната страна на МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author