https://www.facebook.com/photo?fbid=546073544230063&set=a.346213314216088

13.04.2023 Скопје

За време на Велигденските празници, односно на 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ПОЦ.

Во соопштението кое е објавено заедно со честитка за празниците стои дека, согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и следствено на тоа, паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието, ќе работат со вообичаено работно време.

Депото пак, на „пајак“ службата ќе работи 24/7 и за време на празниците, се посочува во соопштението од Паркинзи на Општина Центар.

Подготвено од М.Н.

About Author