12.04.2023 Скопје
Претседателот на Светска банка, Дејвид Молпас, изјави дека Светска Банка е подготвена да го направи својот дел во обновата на Украина, по уништувањето во руската инвазија, но меѓународните финансиски институции не можат сами да ја обезбедат целата сума, затоа треба да се вклучат и западноевропските земји.
На пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, Малпас истакна дека Светската банка одигра голема улога во обновата на европската челична индустрија по Втората светска војна и дека може да игра слична улога и во Украина.
Неодамнешната проценка покажа дека обновата на украинската економија ќе чини 411 милијарди долари, или 2,6 пати повеќе од очекуваниот бруто домашен производ (БДП) на Украина во 2022 година.
Оваа сума, која ја пресметаа Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и Украина, е значително повисока од проценката од 349 милијарди долари, објавена во септември минатата година.
Вкупните обврски на Светска банка во 2022 година изнесуваат 75 милијарди долари, што е за 50 отсто повеќе од просекот.
Подготвено од М.Н.