03.04.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати честитка до Јаков Милатовиќ по повод неговиот избор за претседател на Црна Гора, во која изрази уверување дека ќе покаже цврста волја да обезбеди живот во мир и напредок на граѓани на Црна Гора, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
„Во Србија секогаш ќе имате сигурен партнер во развојот на политичкиот дијалог и зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји, како и солидна поддршка за мирен и стабилен Балкан. Заедно со честитките, ве молиме прифатете ги моите поздрави и изрази на посебна благодарност“, се вели во честитката на Вучиќ.
Милатовиќ победи во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора со 60 отсто од гласовите.
Подготвено од А.Ѓ.