dolarir

14.04.2023 Скопје

На светските пазарите вредноста на доларот во однос на останатите валути веќе четврти ден по ред е во пад, и тоа на најниско ниво во речиси една година.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 100,78 поени, а ден претходно изнесуваше 101,47 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна надолу од вчерашните 133,20 на 132,45 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, цената на еврото достигна 1.1070 долари, и ова е највисоко ниво за една година на оваа валута.

Зајакнувањето на еврото е последица на очекувањата дека Европската централна банка (ЕЦБ) на следната сесија ќе ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,50 процентни поени, со што би се намалила разликата во каматните стапки меѓу САД и еврозоната.

Подготвено од М.Н.

About Author