06.04.2023 Скопје
Во севернокорејските државни медиуми САД и Јужна Кореја се обвинуваат за ескалација на тензиите до раб на нуклеарна војна, а Пјонгјанг најави одговор со „офанзивна акција“.
Непромислената воена конфронтирачка хистерија на САД и нивните следбеници против Демократска Народна Република Кореја ја доведува ситуацијата на Корејскиот Полуостров до неповратна катастрофа, односно на работ на нуклеарна војна, наведуваат севернокорејските медиуми.
Реакцијата на Пјонгјанг уследи по заедничките воени вежби на американската и јужнокорејската армија, кои што почнаа во март оваа година. Пјонгјанг истакна дека овие воените вежби се „проба за инвазија“ и ја засили својата воена активност изминатите недели.
Северна Кореја минатиот месец истрела интерконтинентална балистичка ракета способна да ги погоди САД, нарекувајќи го одговор на сојузничките вежби.
Подготвено од М.Н.