https://www.flickr.com/photos/goodreadsbiography/49026872676/in/photolist-2hGkxbd-2nkhqaV-2kWGhy5-2n1PFN2-oiLPYT-YPumqf-XMpxqd-XQWG32-XMpxDj-XQWGFM-XQWFNp-XQWGnk-YPumTj-7JZ8Wo-2nkhqgB-2kWHVLa-2kWGhrX-2fpm5F1-2nkhq8F-2nkaSyy-2nkaSxr-2nkiFL8-2nkgeHm-2nkiFDE-2nkhq9T-2nkaSzL-2nkaSAN-2nkhqcU-2nkaSFh-2nkiFJE-2nkgeLh-2nkgeJ8-2nkghKk-2nkiFJp-2nkghJJ-2nkhqeC-2n1T2wU-4XkNRt-PfqDWu-22rhx6D-NWoavk-2gabcZX-2e5763q-2nkgQX2-2naG5j9-2hTPmNY-21YSEi3-QEfjbo-GB6ap9-2nkfHwB

13.04.2023 Скопје

Новообјавените тајни документи на Пентагон покажуваат дека Американската влада верува дека генералниот секретар на ОН е прилично подготвен да удоволи на руските интереси.

Еден од документите се фокусира на Црноморскиот договор за жито, постигнат во јули од ОН и Турција по стравувањата од глобална криза со храна. Тие сугерираат дека Гутереш бил толку заинтересиран за зачувување на договорот што бил подготвен да ги прифати интересите на Русија.

Во друг документ, кој е од средината на февруари, го опишува разговорот помеѓу Гутереш и неговата заменичка Амина Мохамед. Во документот, Гутереш изразува „зачуденост“ од повикот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен до Европа да произведе повеќе оружје и муниција поради војната во Украина.

Американскиот портпарол за национална безбедност Џон Кирби изјави дека американската влада прави се што може за да го пронајде изворот на објавените документи.

Подготвено од М.Н.

About Author