28.04.2023 Скопје
Конфликтните страни во Судан во текот на вчерашниот ден се договорија да го продолжат примирјето за уште 72 часа, со посредство на САД и Саудиска Арабија.
Новото примирје стапи на сила вчеравечер по локално време.
Суданската армија и Силите за брза реакција (РСФ) се согласија на 72-часовен прекин на огнот од полноќ од понеделник кон вторник, кој истече вчеравечер.
Суданските вооружени сили (САФ) тогаш објавија дека САД и Саудиска Арабија исто така посредувале во договорот за прекин на огнот и дека прекинот на огнот се користи за евакуација на странски државјани од Судан.
Вооружената борба за власт меѓу суданската армија и РСФ избувна на 15 април.
Подготвено од А.Ѓ.