nedostig na priroden med vo srbija

24.04.2023 Скопје

Недостигот на мед е една од главните причини за високата цена но и за се почестите фалсификати кои се појавуваат на српскиот пазар.

Пчеларите велат дека на пазарот има огромно количество лажен мед, а кој е вистински, кој фалсификуван, тешко се препознава со голо око.

Иако надлежните инспекции, полицијата и другите државни служби со години се обидуваат да се справат со фалсификаторите и фалсификатите, на српскиот пазар има се помалку квалитетен мед, а се повеќе производи со сомнително потекло и уште посомнителен квалитет.

Пчеларите велат дека веќе ги мачат лошите временски услови, а на пазарот се појавуваат големи количества мед од сомнително потекло, и затоа упатуваат апел до сите љубители на мед, доколку се во можност најбезбеден начин да се добие природен мед е да се купи директно од пчеларот.

Подготвено од М.Н.

About Author