https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t31.18172-8/26114748_1430347563757754_503538357555470801_o.jpg?_nc_cat=105&ccb=1-7&_nc_sid=e3f864&_nc_ohc=HHWIzww8RE8AX9gJ-1O&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_L1JrfDX-EUKy7ulOWZhNivVgTzzoaXy0Dca7Qa0l6FQ&oe=62FE06FD

05.04.2023 Скопје

Денес во собранието ќе се одржат седници на комисиите за образование и европски прашања.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се предлозите на закони за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и на Законот за спортска академија, како и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, сите во прво читање.

Комисијата за европски прашања треба да ги разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи, како и предлозите на закони за вештачење и за зоотехника, сите во второ читање.

Подготвено од М.Н.

About Author