https://www.flickr.com/photos/131391301@N03/19915430834/in/photolist-wkRMK9-7Umk1f-2gnivJ-7o9Vsu-wyWSLx-vD2FVz-9Kof8x-faEDSa-83wSXU-zpYWmF-umiqj-cGCnqY-DKYwwV-jd6MbQ-KNCv2x-fxCAsp-HYvYuK-99kax1-JDcWxZ-29DQ4CX-cXKRu-6wkUcZ-51WQrY-7pM2Bv-ZJCrm-AMCEmD-53fWF2-fE1wbb-6C3Rpk-8vjJra-26ix9J5-uifA5D-bA4p5-6DWFbi-4BVXm-AMCWs6-Hxd3J8-f1KD2p-rLqDjD-BBLsyz-frpxU-2gR7Sk-6WTn5Q-HPTtUC-KR4vCv-6BDceb-6ztkX-8pw6DD-a6kv2B-cye3X9

17.04.2023 Скопје

За да биде заштитен земјоделскиот сектор, во Полска се забрани увозот на жито и друга храна од Украина.

Големи количества украинско жито, кое е поевтино од она што се произведува во Европската унија, завршило во Полска и другите централноевропски земји, што ги урна цените и ја погоди продажбата на локалните фармери.

Оваа состојба создаде политички проблем за владејачката партија Право и правда во изборната година.

Лидерот на партијата Јарослав Качински, изјави дека Полска е подготвена да започне преговори со Украина за решавање на проблемот со житото и дека украинската страна е веќе информирана за оваа одлука.

Подготвено од М.Н.

About Author