https://commons.wikimedia.org/wiki/File:National_Assembly_main_building,_Sofia,_October_2016_02.jpg

11.04.2023 Скопје

Просечната возраст на пратениците во 49 Бугарско Собрание е околу 46 години, бројот на мажи и жени е ист како и во претходниот парламентарен состав, 182 мажи од вкупно 240 пратеници, изјави портпаролката на Централната изборна комисија, Росица Матева.

Во 49 Народно собрание, коалицијата предводена од поранешниот долгогодишен бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, ќе има 69 пратенички мандати, што е пет места повеќе од коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, која ќе има вкупно 64 пратеници.

Партијата „Преродба“ ќе биде застапена со 37 пратеници, „Движење за права и слободи“ со 36, додека „БСП за Бугарија“ ќе има 23 пратеници, а партијата „Има таков народ“ само 11.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, веќе ја закажа првата седница во Народното собрание на 12 април.

Подготвено од М.Н.

About Author