13.04.2023 Скопје
Во Културно-информативиот центар на Република Северна Македонија во Загреб, Хрватска вечерва (13 април) ќе настапи реномираниот италијански пијанист Антонио Ди Кристофано. На програмата се дела од Шуман, Брамс, Шопен, Рахмањинов.
Антонио Ди Кристофано дипломирал во 1986 година на конзерваториум во Фиренца. Настапувал на рецитали и со оркестри во престижни музички установи во Италија и во странство. По успешното дебититање во Њујорк, со многу позитивни реакции и од публиката и од критиката, настапил во концертната сала „Карнеги хол“ со Симфонискиот оркестар „Нова Англија“.
Редовно добива од покани да биде дел од жири-комисиите на меѓународните натревари во пијано, а е професор-гостин на Конзерваториум во Кина и професор на Летна академија во Виена.
Подготвено од А.Ѓ.