04.04.2023 Скопје
Германската влада е поделена околу германската забрана на кинеската комуникациска компанија Huawei, осомничена дека шпионирала во име на Пекинг.
Денес операторите на германската мобилна телефонска мрежа (Дојче Телеком, Водафон и Телефоника) ќе треба да го известат Министерството за внатрешни работи за сите компоненти на Huawei инсталирани во нивната инфраструктура.
Одлуката за тоа кои компоненти треба да се заменат се очекува да биде готова до следното лето.
Оваа одлука не ја дели целата извршна власт на канцеларот Олаф Шолц. Конкретно, министерот за транспорт и дигитал, Волкер Висинг е против тоа. Во меѓувреме, според проценките, 65 отсто од антените на Дојче Телеком биле изградени со технологии на Huawei, а на Водафон и Телефоника уделот е 50 отсто.
Според податоците обезбедени од Дојче Телеком, Водафон и Телефоника, одделот за Фезер има намера да спроведе последователна проценка на ризикот, за да се одлучи кои компоненти се критични и претставуваат ризик.
Општа забрана за поединечни производители на 5G технологии или нивни производи не е предвидена врз основа на тековно важечкото законодавство, освен во сериозни случаи на злоупотреба. Затоа МВР поединечно ќе ги испитува сите компоненти.
Во меѓувреме, Министерството за економија и заштита на климата, предводено од Роберт Хабек, предупредува на доцнење во развојот на германската 5G мрежа како резултат на дебатата за Huawei, особено ако нејзините компоненти се отстранат од инфраструктурата.
Од Министерството за надворешни работи на Аналена Баербок истакнаа дека знаеле за одредени компании, вклучувајќи ги Huawei и ZTE, дека се обврзани со закон во Кина да соработуваат со безбедносните органи, особено во доставувањето на податоци.
Подготвено од М.Н.