28.04.2023 Скопје
Националниот институт за статистика и економски студии (INSEE) објави дека инфлацијата во Франција достигнала 5,9 отсто во април на годишна основа, откако во март забележа пад на 5,7 отсто.
Од институтот наведоа дека зголемена е бројката над сите трошоци за услуги и енергија во државата.
Цената на прехранбените производи се зголемила за 14,9 отсто, по оние 16 отсто кои се забележани во март.
Експертите предвидуваат дека во наредните месеци инфлацијата ќе забележи повторно пад, но не се уверени дека цените на прехрамбените производи ќе бидат сменети.
Подготвено од М.Н.