03.04.2023 Скопје
Во Република Северна Македонија вчера гласале 453 лица кои се чувствуваат како Бугари во рамки на предвремените парламентарни избори што се одржаа во Бугарија, покажуваат податоците од Централната изборна комисија.
Според податоците од Централната изборна комисија правото на глас во Скопје го искористиле 185 лица.
Во Струмица правото на глас го искористиле 64 лица, Битола 55, Прилеп 39, Кавадарци 36 и Тетово осум.
Подготвено од М.Н.