https://www.flickr.com/photos/136502155@N06/42359670092/in/photolist-27xbo8w-S6Ds1i-269L2L9-P3GoJf-2hi7ziR-21zXSbF-t7PEj5-QRFrvr-dxtHWY-2nHW6i7-22KAqvA-RvYk7Q-QRFkaa-2nHPX2U-ux4Xn6-21v2EcN-Q32aeb-RvYmXo-ZuLLXC-269mjJA-27f5bvg-NVBPiJ-LGUdpY-uwWauQ-DscS9w-DscSmq-NY8T4M-MupP1z-oZr4HR-2jHdG7w-Lx44pe-K7abY3-249ufRX-P3GoCU-2jHd6hG-MupNSZ-2nC5BVn-NY8Twk-2iAfy6Q-27aZbzj-GDkmVB-MupPjv-LwYZyC-DscQQu-27BBJqk-24RQXeQ-KtFNwS-Lx42PF-ZuLLKJ-N8GwLH

12.04.2023 Скопје

Иако Србија е единствената земја во Европа која одби да воведе санкции против Русија за нејзината инвазија на Украина, наводно се согласила да испорача оружје на Киев или веќе го испратила, пишува во доверливиот документ на Пентагон, наведуваат медиумите.

Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но се обврзала да испрати помош или веќе ја доставила, било наведено во тајните документи на Пентагон.

Исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност да и обезбеди оружје на Украина и во иднина.

Графиконот на Пентагон ги подели одговорите на барањата на Украина за помош во четири категории, и тоа на земји кои се обврзаа да обезбедат обука и смртоносна помош, земји кои веќе обезбедиле обука, смртоносна помош или и двете, земји со воена способност и политичка волја „да пружат идна смртоносна помош“.

Доколку оваа информација се испостави дека е точна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се најде под голем притисок од страна на Русија но и од српската јавност.

Подготвено од М.Н.

About Author