07.04.2023 Скопје
Податоците на Управата за приходи и царина на Црна Гора покажуваат дека од вкупно 9.060 фирми што минатата година биле формирани во Црна Гора, речиси 80 отсто од нив се основани од странци со капитал од речиси 30 милиони евра.
Од УПЦ соопштија дека бројот на компании чии основачи биле странци е 7.070, а во повеќе од половина од случаите станува збор за руски државјани, кои основале 3.830 компании во Црна Гора.
По нив, најбројни се турските државјани кои само минатата година основале 1.480 фирми, а тука се и српските државјани кои основале 275 компании, веднаш потоа следат германските со 247 и украинските со 200 компании.
Граѓаните на Белорусија се на петтото место со 138 новоосновани компании, додека следните на листата се Италијанци, Косовари, Британци и државјани на Босна и Херцеговина кои отвориле помалку од 100 компании во Црна Гора во текот на минатата година.
Од Управата за приходи и царина на Црна Гора соопштија дека активностите што ги вршат новооснованите компании на странски основачи се различни, а најмногу, односно 873 од нив, што е околу 12 отсто од вкупниот број, се занимаваат со трговија на големо и мало.
Подготвено од М.Н.