koncert prilep

11.04.2023 Скопје

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер (11 април) во 19:00 часот концерт ќе одржи Страшо Темков (флејтист) со пијано придружба на Сара Пројковска. На програмата се дела од Вуд, Барток, Амиров, Пјацола и други.

Страшо Темков е прв флејтист солист на Националната филхармонија, член е на „Македонскиот дувачки квинтет“ и на Ансамблот за современа музика „Св. Софија“. Како солист има реализирано рецитални програми и солистички настапи на повеќе манифестации и фестивали во земјава и во странство. Членува во жири-комисии на меѓународни натпревари. Исто така, тој е вонреден професор по флејта на Факултетот за музичка уметност.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author