kenedi junior kandidat za pretsedatel na sad

20.04.2023 Скопје

Синот на сенатор и јавен обвинител Роберт Ф. Кенеди и внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, ја објави својата кандидатура на настан во хотел во центарот на Бостон, Масачусетс, и од синоќа официјално ја почна својата кампања за претседател на САД.

Кенеди истакна дека неговото семејство има долгогодишни добри односи со претседателот Џо Бајден, но дека многу членови на семејството Кенеди не се согласуваат со него за голем број прашања.

Роберт Ф. Кенеди Јуниор ги охрабрува Американците да зборуваат за заедничките вредности, а не за прашања што ги делат, и истакна дека неговата мисија во следните 18 месеци од оваа кампања, и во текот на неговото претседателство, приоритет ќе биде да се стави крај на комбинираната државна и корпоративна корупција која сега се заканува да наметне нов вид корпоративен феудализам.

Подготвено од М.Н.

About Author