https://www.facebook.com/photo.php?fbid=673530641443021&set=pb.100063582736486.-2207520000.&type=3

05.04.2023 Скопје

„Владата предводена од СДСМ со започнување на силна градежна офанзива на Коридот 8 носи нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството“, соопштија од СДСМ.

Изградбата на Коридорот 8 значи помали трошоци за превоз, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Република Северна Македонија, како и економски и регионален развој на државата, се истакнува во соопштението од владеачката партија.

„Коридорот 8 е дел од најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор, за изградба на четири автопатски делници во вкупна должина од околу 110 километри, во вредност од 1,3 милијарди евра“, истакнаа од СДСМ.

Подготвено од М.Н.

About Author