francija namaluvanje na inflacijata i dolgovite

20.04.2023 Скопје

Француската влада ја ревидира својата прогноза за инфлацијата за 2023 година на 4,9 отсто, соопшти француското Министерството за економија.

Извршната власт исто така сака да го забрза намалувањето на јавниот долг и дефицитот за 2027 година преку намалување на јавната потрошувачка и подинамичен економски раст.

За четири години, дефицитот треба да падне под прагот од 3 отсто од БДП, достигнувајќи 2,7 отсто, а задолженоста ќе достигне 108,3 отсто од БДП.

„Европскиот кредибилитет на Франција зависи од тоа“, истакна министерот за економија Бруно Ле Мер за време на прес-конференција, и додаде дека овие перспективи се содржани во Планот за стабилност на Франција кој следната недела ќе биде претставен пред Советот на министри.

Подготвено од М.Н.

About Author