04.04.2023 Скопје
Ракетната компанија Вирџин Орбит на британскиот милијардер Ричард Бренсон поднесе барање за банкрот во САД откако не успеа да обезбеди нова инвестиција.
Компанијата за лансирање на сателити ја прекина работата пред неколку недели, но се надева дека ќе најде купувач за бизнисот.
Компанијата, со седиште во Калифорнија, минатата недела објави дека ќе намали 85% од својата работна сила од 750 лица.
Претходно оваа година, ракетата Virgin Orbit не успеа да го заврши првото лансирање на сателити од тлото на Велика Британија.
Подготвено од А.Ѓ.