07.04.2023 Скопје
Со почеток во 20 часот како дел од светската турнеја во големата сала на Македонска Филхармонија за прв пат во Република Северна Македонија ќе настапи италијанскиот квартет акустични гитари 40 Fingers во кои членуваат италијанските гитаристи Matteo Brenci, Emanuele Grafitti, Andrea Vittori, Enrico Marija Milanessi.
Четворица музичари, со сосема различни музички приказни кои преку т.н. техника fingerpicking на акустични гитари истражуваат нови звучни универзуми, изведувајќи широк репертоар на оригинални дела до познати музички теми аранжирани за четири гитари.
На концертот во Скопје квартетот со својот препознатлив кросовер стил ќе се претстави со обработки на најпознатите музички теми, со што овозможуваат врвна музичка изведба, која ја воодушевува и не ја остава рамнодушна публиката.
Подготвено од М.Н.