20.04.2023 Скопје
Од НУМ „Струшки вечери на поезијата“ на официјалниот Фејсбук-профил објавија дека од алејата на поетите на кејот на Црн Дрим, украдена е бистата на македонскиот поет Славко Јаневски, а бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин се видливо расклатени.
Од НУМ најостро го осудуваат вандалскиот чин и информираат дека директорот Тодорче Тасевски случајот го пријавил во полиција.
Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, наведено е во објавата на НУМ.
Од НУМ исто така потсетија дека сличен вандалски чин се случил и на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и фрлена во крајбрежјето.
Подготвено од М.Н.