03.04.2023 Скопје
Ансамблот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија гостуваше во Народниот театар во Белград со најпознатата опера на Џоакино Росини, „Севилскиот бербер“, која беше изведена под режисерската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Урсула Хорнер од Австрија, јави дописникот на МИА од Белгад.
Во комичната опера во два чина, работена според делото на Пјер Бомарше „Трилогијата на Фигаро“, настапија: Биљана Јосифов, Васко Здравков, Благој Нацоски, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска-Мадевска и други.
Белградската публика со повеќекратен аплауз го поздрави настапот на ансамблот на Националната опера и балет што се реализираше во рамките на платформата „Театар Отворен Балкан“. Според директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов, станува збор за стратегиска културна соработка меѓу Националната опера и балет на Република Северна Македонија, Националната опера и балет од Тирана и Македонскиот народен театар во областа на драмата, операта и балетот.
Подготвено од А.Ѓ.