19.04.2023 Скопје
Вишиот стопански суд пресуди во корист на Уникредит банка од Бања Лука во спорот што го имаше со фирмата „Битмајнер Фабрика“ од Градишка.
Од Вишиот стопански суд истакнаа дека на првостепениот, односно на Окружниот стопански суд му е наложено да ја достави пресудата до странките во постапката.
За потсетување, Окружниот стопански суд уште порано донесе пресуда во корист на компанијата „Битмајнер Фактори“ во спорот со Уникредит банка од Бања Лука во износ од 256 милиони КМ.
По ваквата одлука и Уникредит банка и фирмата „Битмајнер Фактори“ поднесоа жалба на таа пресуда, а Вишиот стопански суд одлучувајќи по жалбите сепак одлучи во корист на Уникредит банка.
Што се однесува до правниот лек, по пресудата на Вишиот стопански суд, можно е да започне ревизионата постапка, а во тој случај последниот збор ќе го има Врховниот суд на Република Српска.
За потсетување, суштината на спорот меѓу „Битмајнер Фабрика“ од Градишка и Уникредит банка е дека компанијата од Градишка имала план да произведува електрична енергија преку две хидроцентрали кои делумно би ги продавала на партнер компанија за ископ на криптовалути, додека остатокот, односно вишокот на електрична енергија што го произведува, отиде во електричната мрежа.
Планот беше да се анимираат и привлечат инвеститори за тој проект со издавање дигитални токени во замена за пари, кои ќе се собираат преку сметката што без никакви тешкотии беше отворена во Уникредит банка во Бања Лука. Првите проблеми настанаа откако банката почна да ги враќа плаќањата со оправдување дека не може да работи со компании кои се занимаваат со криптовалути, бидејќи такви се внатрешните правила на групацијата, по што следеше тужба од компанијата „Битмајнер Фабрика“ за изгубена добивка.
Подготвено од А.Ѓ.