ungarija zabrana na uvoz od ukraina

20.04.2023 Скопје

Унгарската влада ја продолжи привремената забрана за увоз на украински производи на мед, вино, леб, шеќер и голем број производи од месо и зеленчук.

Списокот на производи што треба да се забранат е објавен со владин декрет, откако Будимпешта објави мерка за стопирање на увозот на житарки, маслодајни семиња и уште неколку производи.

Полска, Унгарија и Словачка исто така го забранија увозот на жито и други прехранбени производи од Украина, откако падот на цените предизвика протести на локалните фармери.

Портпаролот на Европската комисија изјави дека ваквите донесени еднострани мерки на членките на ЕУ се неприфатливи.

Подготвено од М.Н.

About Author