ungarija zname mesto

14.04.2023 Скопје

Унгарското министерство за економија соопшти дека унгарската влада одлучила да ги повлече своите претставници и да излезе од Меѓународната инвестициска банка (IIB), откако САД воведоа санкции за банката поради нејзините врски со Русија.

Вашингтон истакна дека Унгарија ја игнорирала загриженоста на САД за (IIB), „нетранспарентна платформа на Кремљ“, чие седиште беше преместено од Москва во Будимпешта во 2019 година.

Романија и Бугарија соодветно најавија повлекување од (IIB) во јуни и август оваа година. На крајот на јануари, Унгарија имаше удел од 25,27 отсто во (IIB), и беше втор најголем акционер, по Русија со 45,44 отсто, според веб-страницата на банката, на која како членки се и Куба, Виетнам и Монголија.

Американскиот амбасадор во Унгарија Дејвид Пресман изјави дека САД изразиле загриженост за присуството на банката, но дека, за разлика од другите сојузници на НАТО, унгарската влада ги отфрлила тие грижи, продолжувајќи да биде акционер на (IIB).

IIB е мултилатерална развојна банка основана во 1970 година од членови на поранешниот Варшавски пакт. По распадот на Советскиот Сојуз, членството почна да опаѓа. Полска се повлече во 2000 година, а Чешка и Словачка минатата година, откако руските трупи влегоа во Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author